Потребни состојки:
150 г шеќер,
2 лажици мед,
100 мл кока-кола,
200 г мелени посни кекси,
200 г посно чоколадо,
150 г маргарин,
50 г крупно сечкани пропржени ореви,
50 г пропржен сусам
За глазура:
4 лажици масло,
200 г посно чоколадо
Начин на подготовка:
Се пропржуваат во сува тава оревите и сусамот, па се оставаат на страна да се изладат. Најпрвин се топи чоколадото за глазура, а потоа се приготвуваат и другите состојки. Чоколадото растопете го на многу тивок оган или во микробранова печка. Во друг сад на оган ставете го путерот или маргаринот, додадете 2 лажици мед, шеќерот и чоколадото, па промешајте додека состојките да се растопат и соединат. Додадете ја кока-колата и промешајте за да се изедначи. Готовата смеса оставете ја да излади. За тоа време калапот за тоблероне обложете го со проѕирна фолија и премачкајте го со чоколадна глазура. Откако ќе се стегне првиот слој, нанесете и втор. Во подизладена смеса додадете ги оревите, сусамот и мелените кекси, па промешајте добро за да се изедначи смесата. Оставете го филот убаво да се излади за да не се растопи чоколадната глазура која претходно ја нанесовте. Потоа рамномерно нанесете ја смесата и калапите оставете ги во фрижидер убаво да се стегнат, најмалку еден час. Потоа извадете ги, отстранете ја фолијата и сечете го колачот на парчиња.