Домашно слатко од јагоди

Потребни состојки:

1 кг шеќер
1 кг јагоди
1 лимон

Начин на подготовка:
Количината за слаткото сами ја одредувате, но на 1 кг јагоди оди 1 кг шеќер. Исчистете ги јагодите, измијте ги убаво и оставете ги најмалку 3 часа да одстојат во вода во која има лимонов сок. На 1 кг јагоди исцедете сок од еден лимон.

Потоа исцедените јагоди наредете ги во садот за варење, еден ред јагоди, па шеќер, нов ред јагоди, па пак шеќер, додека имате состојки. Слаткото се вари на силна температура со постојано протресување, но не повеќе од половина час. Пената што ќе се направи отстранете ја со лажица, а кога слаткото ќе биде готово, покријте го со влажна крпа и оставете го да отстои цела ноќ. Наредниот ден, зовријте го 10-тина минути, па ставете го во жешки стерилизирани тегли. Јагодите ќе останат цели, а и не потемнуваат.

Scroll to Top