Ефикасна диета со домати

Диетата со домати трае 5 дена во рамките на кои ќе успеете да намалите најмалку 3 килограми.  Ако целта ви е да ослабете повеќе од 5 килограми, направете пауза од една седмица и повторете.

Секој ден треба да јадете од 8-10 свежи домати, кои ќе ги распоредите во неколку порции. Наутро денот започнете го со овесни јатки (2-3 лажици) во чаша јогурт со ниска масленост.

За ручек во комбинација со доматите можете да јадете спанаќ, брокули, карфиол, моркови или друг зеленчук подготвен на пареа. Зачинете ги со соја сос за да не користите сол и лажичка ленено масло или масло од гроздови семки. Зеленчукот може да се јаде и сиров, на пример морковите или салата од краставички и марула. На ова додадете и 100-150 гр печена риба.

За вечера 100 гр урда и домати. Во текот на денот треба да пиете најмалку 2 литра вода.

Доматите се препорачуваат од лекарите како превенција од рак поради антиоксидантите што ги содржат, но и за луѓе со висок крвен притисок. Но, пред да ја почнете, консултирајте се со лекар.

Scroll to Top