Евтина кекс-торта

Состојки:

  • 500 гр бисквити
  • 4 жолчки
  • 6 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 0,5 л млеко + за потопување на бисквитите
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица путер

Подготовка:

Се ставаат млекото, 4. лажици шеќер и путерот да зовријат. Жолчките се мешаат со 2 лажици шеќер, брашно и малку млеко. Во врелото млеко полека се става смесата со жолчките, со постојано мешање. Се готви околу 2 минути. Се остава да се излади. Бисквитите се потопуваат во топло млеко и се редат на тацна. Врз нив се реди изладениот фил и од горе пак се ставаат уште еден ред бисквити. По желба се украсува со шлаг.

Scroll to Top