Како да готвите здраво и брзо во летните горештини, а истовремено да не внесувате многу калории – решението се летните салати со состојки кои периодов ги има во изобилие
Лето е, надвор температурите растат, време е за ручек, но со мислите сме на летните туристички места. Зошто да не подготвите вкусна летна салата, а да поминете најмногу до 20 минути за нејзината припрема.
Еве како:
Основа на салатата
Како основа на салатата одберете зелена салата, рукола, свеж спанаќ или блитва.
Сезонски зеленчук
Тука имате навистина голем избор. Домат, краставица, блага или лута пиперка, млад кромид, морков, брокула, тиквичка, модар домат… Тајната е во комбинацијата на боите и визуелниот впечаток кој вашата комбинација ќе го направи. Наш совет е зеленчукот да биде свеж или малку обарен со цел да ги задржи хранливите состојки.
- Протеини
За да оброкот биде комплетен додадете храна богата со протеини: пилешко месо, туна или сардина, моцарела или кашкавал / пармезан, печено тофу сирење, а за љубителите на сувомеснати производи, некој од пилешките деликатеси.
- Житарици
Тука имате навистина огромен избор. Додајте семки од сончоглед или тиква , интегрален сусам, ленено семе, чиа или друго по ваш вкус. Може тоа да бидат кубети или брускети, а како замена за сето ова можете со салатата да изедете едно до две парчиња интегрален леб.
- Дресинг и зачинување на салатата
За ова не постои единствен рецепт. Секој по свој вкус и желба. Наш совет е да се избегнуваат тешки и зачинети преливи за салата, а покрај маслиново масло, замена за оцетот или балсамико може да биде свежиот сок од лимон.