Француски кроасани по оригинален рецепт

Потребни состојки:

600 гр брашно
10 гр сув квасец
3 ванилин шеќери
75 дл масло
2,25 дл млако млеко
1,5 дл млака вода
1,5 лажички сол
150 гр путер
1 јајце за премачкување

Начин на подготовка:

Ставете го путерот во замрзнувач најмалку еден час. Месете го тестото од сите состојки, освен путерот и јајцата и оставете го покриено со крпа додека не се зголеми двојно. Измешајте, растегнете го што е можно потенко, изрендајте го путерот над тестото и превртете го како ролна.

Со сукало измазнете го тестото да изгледа како лента. Исечете триаголници, наполнете ги по желба (џем, крем) и завиткајте ги кроасаните. Премачкајте со јајце и оставете да стаса уште 40 минути. Печете во рерна на 200 степени додека не поруменат. Послужете ги топли.

Scroll to Top