Гнезда со лешници без печење

Потребни состојки:

200 мл вода
100 мл сок од портокал
150 гр шеќер
150 гр маргарин
100 гр чоколадо
Гответе да се растопи.
150 гр печени лешници (мелени)
300-350 гр мелени бисквити

Фил:
150 мл слатка павлака
100 гр чоколадо

Начин на подготовка:

Павлаката и чоколадото ставете ги во тенџере и гответе ги околу 5 минути. Смесата оставете ја неколку часа во фрижидер да се стегне. Сите состојки за колачите спојте ги, направете топчиња и извалкајте ги во грубо исечкани, печени лешници. Направете вдлабнатина во средината со шприц ставете од филот.

Scroll to Top