Грчка алва

Потребни состојки:

За подлога:
150 гр сечкани ореви

За тесто:
4 јајца
малку сол
4 лажици шеќер
220 гр гриз
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка цимет
100 мл масло
100 мл млеко

За прелив:
450 гр шеќер
сок од половина лимон
вода до 150 мл

Начин на подготовка:

Оревите се сечкаат. Гризот се меша со прашокот за пециво и циметот.  Тепсијата со димензии 28х20 се обложува со хартија за печење. Хартијата се мачка со маргарин, а на дното се ставаат сечканите ореви. Во длабок сад се прави снег од белките со малку сол. Се додава шеќер и се мати со миксер. Жолчките се додаваат една по една. Додадете ги маслото, млекото и на крај мешавината од гриз и прашок за пециво, па изматете добро со миксер. Смесата ставете ја врз исечканите ореви. Печете во претходно загреана рерна на 190 степени, 20 минути.

Печеното тесто превртете го на тацна поросена со презла или мелени бисквити. Веднаш пресечете го на парчиња. Со лажица парчињата префрлете ги во тепсијата каде што се печеше тестото.

Во посебен сад ставете шеќер, сок од лимон и вода, па варете на силен оган 5 минути за да добиете густ сируп. Со врелиот сируп попарете ги парчињата алва.

Scroll to Top