Хроно пирошки од 4 состојки

Потребни состојки:

3 јајца
300гр брашно + малку за работната површина
300 гр сирење
1 прашок за пециво

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата и додадете го сирењето издробено со вилушка. Додадете го прашокот за пециво и брашното и замесете тесто. Нема потреба од масло, вода или сол ако сирењето е доволно солено. Посипете малку брашно на работната маса и домесете го тестото. Развлечете го со сукало за да биде колку што е можно потенко, со дебелина на прст. Исечете го тестото на правоаголници. Загрејте свинска маст во тава, но не премногу и пржете на средна температура. Кога ќе поруменат од сите страни, извадете ги и ствате ги врз харија за да го впие маслото. Послужете ги топли.

Scroll to Top