Хроно пита со спанаќ и месо

Одличен зимски хроно појадок.

Потребни состојки:

Тесто:

1 чаша ржано интегрално брашно
2 чаши јачменово интегрално брашно
2,5 чаши газирана вода
1/2 чаша маслиново масло
1/2 пециво
1 лажица сол
1 лажица ленено семе
1 лажица сусам
1 лажиче буковец

Фил:

350 гр. свинско месо
200-300 гр. спанаќ
1 лажиче сол
1 лажиче црн бибер
1 лажиче буковец
2-3 лажици маслиново масло
2 јајца

Начин на подготовка:

За тестото ги мешаме сите суви состојки со дрвена лажица, а потоа ги додаваме маслото и водата. Кога смесата ќе се изедначи ја наплескуваме со влажни раце во добро намрсена тава за печење бр. 28. Вака подготвената смеса може да отстои и преку ноќ. Месото го сечкаме на мали коцки, додаваме масло и зачини, мешаме добро и го оставаме во фрижидер да отстои преку ноќ, прекриено со фолија. Готовото тесто се потпекува во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути, колку да фати коричка. Додека тестото се потпекува, го приготвуваме свежиот спанаќ. Најпрво го миеме, па го прелеваме со топла вода. Го распоредуваме врз потпеченото тесто, а врз спанаќот го распоредуваме зачинетото месо. Печеме уште 30 минути (или додека да се испече месото). Двете јајца ги матиме како за кајгана, па ја прелеваме питата со нив и ја враќаме во топла рерна да се допече на најниска температура. Питата ја послужуваме топла.

Scroll to Top