Интегрални грицки

Потребно:

250 гр бело брашно
250 гр интегрално брашно
100 гр лупен сончоглед
100 гр сусам
50 гр ленено семе
1 лажиче буковска сол
1 лажиче сол
150 мл масло
150 мл минерална газирана вода
1 пециво

Подготовка:

Од сите состојки замесуваме тесто (доколку е потребно додадете уште вода), од кое формираме топчиња и ги редиме во плех обложен со хартија за печење.
Се печат на 200 степени, околу 20 минути!

 

Scroll to Top