Исусови венчиња: велигденски рецпет

Рецептот популарно се прави во Европа. Венчето ја симболизира круната што ја носел Исус на крстот, а јајцата ги симболизираат раѓањето и животот.

Потребни состојки:

половина коцка свеж квасец
300 мл топло полномасно млеко
70 г путер
2 јајца
1 пакетче ванилин шеќер
1/2 шола шеќер
5 шоли брашно
1/2 лажиче махлеб
суво грозје по желба
За одозгора:
1 разматена жолчка со 1 лажиче вода
шеќер за попрскување
После печење:
вода за премачување
шарени трошки

Големината на шолја – 250 мл

Подготовка:

1. Млекото и путерот се загреваат додека не се стопи путерот. Оставаме малку да се олади и ја додаваме половината коцка квасец, па шеќерот и промешуваме да се растопи квасецот. Нема потреба од активирање, додаваме малку сол, јајцата, брашното, махлебот и го вклучуваме миксерот со прикачените маталки за тесто и матиме додека не се изедначи убаво. На крајот го домесуваме тестото со рака, така ќе видиме дали е доволно меко. Кај мене немаше потреба да додавам ни вода ни брашно. Ако е премногу тврдо, додадете сосема малку вода и обратно, ако е лепливо, додадете брашно сосема малку. Покријте го тестото со најлонска фолија и оставете го да се удвои, околу 1 час.

2. Кога тестото ќе стаса, го делиме на 12 топчиња и во секое додаваме суво грозје или ништо. Од секое формираме стапче со дланките, околу 15 см долго. Ги плетеме по 2 стапчиња и свиткуваме во форма на ѓеврече, како што е прикажано на сликите.

Ги редиме во тава за печење, нема потреба од хартија, ниту подмачкување, и ги оставаме уште 20-ина минути да стасаат. Потоа ги премачкуваме со жолчката со водата, попрскуваме малку шеќер и ги ставаме во незагреана рерна вклучена на 180°Ц,.

Се пече 30-ина минути, следете ја промената на бојата.
Откога ќе се испечат, ги премачкуваме со вода и се наросуваат со шарени трошки. Оваа постапка се прави откако ќе се испечат бидејќи при печењето трошките би се растопиле. Во дупките се ставаат декорирани јајца.

Scroll to Top