Потребни состојки:
7 мали јаболка
3 лажици слатка павлака
7 дрвени стапчиња (можете да употребите и од оние за раженчиња)
400 гр карамела
Кикиритки, чоколадни трошки, ореви, кокос за декорација (по желба)
Начин на подготовка:
Отстранете ги рачките на јаболката, измијте ги со топла вода и избришете ги. Уште подобро е ако ги оставите во фрижидер неколку часа пред да почнете со десертот. Ставете ги стапчињата во јаболката за да бидат како дршки. Во неколку плитки садови ставете ги додатоците за украсување. Во тенџере ставете ги карамелата и хоплата и оставете го на тивок оган додека не се растопи карамелата. Оставете ја смесата околу 5 минути да се излади за карамелата подобро да се залепи за јаболката. Држејќи ги јаболката за стапчето, потопете ги во смесата со карамела и разлејте ја низ целото јаболко. Додека карамелата е уште топла, додајте ги и кикиритките, чоколадните трошки или какви било додатоци по желба. Наредете ги јаболката во сад обложен со хартија за печење, а потоа оставете ги да се стврднат. Вака приготвените јаболка можете да ги чувате во фрижидер и до две недели.