Јаболки полни со ореви: Неодоливо слатко есенско задоволство

By

Состојки:

– 4 јаболки – 1/2 лимон – 4 лажици путер, омекнат на собна температура – 5 лажици овошно мусли – 2 лажици мед – 1/4 шолја исецкани ореви – малку суво грозје – сладолед од ванила (по желба)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 Целзиусови степени. Измијте ги јаболките, пресечете им ги врвовите и издлабете ја средината каде што се семките. Бидете внимателни јаболките да не ви останат цели.

Потоа јаболките испрскајте ги со сок од лимон. Во сад измешајте ги путерот, муслите, медот и оревите. Наполнете ги јаболките до врв. Загрејте ги во плех, ставете ги во загреана релна и печете околу 20 минути додека не омекнат.

Кога ќе се испечат, извадете ги од рерна и оставете ги малку да се изладат. Печените јаболки може да ги послужите со сладолед од ванила или прелив од чоколадо.

Ќе ви се допадне