Јафа ролат со лешници

By

Потребни состојки:

150гр ресани со вкус на портокал
10 зрна лешник
2 лажици кора од портокал (варена со шеќер)
60гр путер
80гр црно чоколадо со портокал
1 лажица шеќер во прав
60мл сок од свеж портокал
1 лажица мелени бисквити
црно чоколадо за декорација

Начин на подготовка:

Во сад на оган ставаме половина количина од сокот, додаваме шеќер во прав, путер и чоколадо. Соединуваме на многу тивок оган, со повремено мешање. Тргаме од оган и ги додаваме зрната лешник, остатокот на сокот, кората од портокал, сечканата ресана и бисквитите. Оставаме малку смесата да остине, па формираме ролат (салама). Ја оставаме на ладно еден час и  ја декорираме со растопено чоколадо. Сечеме на парчиња и послужуваме.

 

Ќе ви се допадне