Јафа-топчиња без печење

Потребни состојки:

300 гр бисквити
2-3 лажици какао
150 мл сок од портокал
1 ванилин шеќер
2 големи лажици џем од портокал или кајсија
50 гр чоколадо за готвење
рендана кора од портокал
1 лажица мед

Начин на подготовка:

Бисквитите издробете ги, прелијте ги со сок и промешајте. Додадете мед, џем, ванилин шеќер и растопено чоколадо, а на крај и рендана кора од портокал. Убаво измесете со рака за да се соединат состојките во мазна смеса.

Добиената смеса оставете ја во фрижидер околу 30 минути, а потоа од неа формирајте бомбици. Топчињата можете да ги валкате во мелени бисквити, кокос, рендано чоколадо, мелени ореви, лешници или по ваша желба.

Scroll to Top