Потребни состојки:
1 пакување лиснато тесто
Шеќер во прав
Свежи јаготки
Малку маргарин или путер
Начин на подготовка:
Лиснатото тесто извадете го од фрижидер барем половина час пред да го расукате. На хартија за печење ставете шеќер во прав, врз неа поставете го расуканото тесто, па посипете го и тестото со шеќер во прав. Сукајте уште малку за да стане уште потенко, па уште еднаш посипете го со шеќерот во прав. Исечете го тестото на ленти, а дебелината на лентата нека зависи од големината на јагодите. Јагодите исечете ги тенко, па ставајте ги една до друга врз тестото, но не на почетокот и не до крајот. Малку од јагодата нека е над тестото за тие да се гледаат кога ќе се испечат колачите. Кога ќе го свиткате тестото во вид на ролат, крајот навлажнете го со вода и залепете го. Врз него ставете парче маргарин или путер. Печете ги колачите додека да заруменат во претходно загреана рерна на 250 степени. Послужете ги топли, украсени со шеќер во прав.