Кафе со Бејлис и со лешников сируп

Рецептот е за четворица. Потребни ви се следните состојки:

1/2 чаша замрзната изматена слатка павлака
1 лажица шеќер
8 лажици Бејлис
8 лажици лешников сируп
2 до 2 и пол чаши жешко кафе, тукушто сварено

Начин на подготовка:

Вво секоја шоља (стаклена чаша ставете две лажици Бејлис и две лажици лешников сируп, додајте го кафето, измешајте и одозгора ставете го кремот т.е. замрзнатата слатка павлака, која претходно сте ја изматиле со една лажица шеќер.

Се служи веднаш.

Scroll to Top