Користете тавче со дно против лепење. Сјајната површина е клучна за да можат јајцата лесно да се движат низ тавчето. Користете свежи јајца. Јајцата прво искршете ги во друг сад, не мешајте ги во самото тавче. Помешајте ги со малку млеко или павлака, за да бидат кремасти. За подобар вкус користете путер, не масло. Користете силиконска или дрвена лопатка за мешање. Јајцата пржете ги на тивок оган за да не се препржат. Постојано мешајте за вкусот да биде подобар. Јајцата извадете ги од тавчето пред да бидат целосно готови, а потоа продолжете да мешате. Додајте сол пред сервирањето. Ако сакате подобра вкус, пред да ги ставите јајаца на маслото или путерот пропржете перца од млад кромид.