Како овошјето да не ви потоне на дното на колачот

На секоја домаќинка барем еднаш ѝ се случило вишните да ѝ потонат на дното на колачот. Истото се случува со речиси секое овошје. За овошјето да не ви пропадне на дното, пред да го ставите во колачот, посипете го или извалкајте го во малку брашно. Брашното лесно се задржува на површината на тестото и затоа овошјето нема да потоне. Или, врз смесата за колач ставете тенок слој брашно, па овошјето, и врз него остатокот од смесата за колачот. Овошјето ќе се задржи на средината.

Scroll to Top