Канелони со спанаќ и сирење

Потребни состојки:

400 г свеж спанаќ
200 гр сирење (може и свежа урда)
3 јајца
сол, црн пипер, масло
1 чешне лук
16 канелони
пармезан
100 г павлака

Начин на подготовка:

Обарете го спанаќот, оставете да се олади и исечкајте го. Намрсете го садот за печење и загрејте ја рерната на 200 степени. Спојте го сирењето со едно јајце и додадете сол и црн пипер. Исечкајте го лукот и додајте го во смесата. На крајот додајте го спанаќот. Со оваа смеса наполнете ги канелоните и наредете ги во садот за печење. Поросете со пармезан. Останатите јајца измешајте ги со павлака и со оваа смеса прелејте ги канелоните. Печете околу 35 минути и послужете ги топли.

Scroll to Top