Кисели тиквички во тегла

Потребни состојки (за 4 тегли)

1,5 кг тиквички,
4 чешниња лук,
1 лажица сол,
1 мала лажичка мелен црн пипер,
3 лажици шеќер,
120 мл сончогледово масло,
120 мл бел оцет 9%,
1 лута пиперка,
20 г свеж копар,
20 г свеж магдонос

Начин на подготовка:

Тиквичките измијте ги добро, па исечете ги на тркалца, па на половинки. Додајте ситно исечкан лук, шеќер, сол, масло, оцет и црн пипер и промешајте за да се изедначат. Копарот и магдоносот претходно измиени и исцедени од вишокот вода, ситно исечкајте ги, а лутата пиперка исечкајте ја на тенки тркалца. Додајте ги во тиквичките и уште еднаш промешајте за да се распоредат рамномерно.

Вака оставете ги да отстојат во маринадата три часа. По ова, наредете ги тиквичките во тегли и добро притиснете ги. Одозгора прелијте ги со сокот од маринадата, да бидат прекриени 1-1,5 см под капакот. Затворете ги но не целосно, колку да бидат поклопени, па ставете ги во тенџере на чие дно претходно сте ставиле крпа, налејте вода и откако ќе зоврие водата оставете да се варат 15 минути.

Извадете ги стерилизираните тегли и добро затворете ги капаците и превртете ги за да се вакумираат Покријте ги со ќебе и оставете ги до следниот ден да се оладат. Чувајте ја зимницата на темно и студено место.

Scroll to Top