Киш Лорен – Француска пита

Киш е соединение од различен зеленчук, на кое може да се додаде месо, а јајцата се оние кои го поврзуваат целото јадење. Најпозната верзија е секако киш-лоренот, која уште се нарекува и највкусната француска пита, а се базира на крцкаво тесто, путер, варена шунка, јајца и павлака.

Состојки:

За тестото:

  • 250 гр брашно
  • 125 гр путер
  • 5-6 лажици ладна вода
  • малку сол

За фил:

  • 200 гр ситно сечкана месна сланина
  • 3 јајца
  • 200 мл павлака за готвење
  • 200 мл млеко
  • сол, црн пипер, морско оревче

Подготовка:

Тестото се меси од наведените состојки и се става во фрижидер половина час. За филот, кратко се пропржува сланината, а потоа одделно се матат јајцата со киселата павлака и млекото, и се додаваат зачините. Тестото се развлекува со сукало и се става во плех за печење. Се печете на 180 степени 10-15 минути додека не порумени. Плехот за печење се вади, се зголемува рерната на 200 степени.Се истура сланината на кората, а потоа се преливаат со јајцата и павлаката. Тавата се враќа во рерна уште 15-20 минути.

 

Scroll to Top