Киш пита со шунка и спанаќ

Потребни состојки:

1 ¼ шолја брашно
1/2 лажичка шеќер
6 лажици масло
3 лажици вода
4 јајца
1 ¼ шолја млеко
1/2 лажичка сол
Малку кромид
¼ лажички бибер
60 гр. спанаќ
120 гр. шунка

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени. Во сад ставете брашно, половина лажица шеќер и сол, па ставете масло и измешајте добро. Потоа додајте вода и мешајте помеѓу секое додавање. По потреба додајте уште вода додека да добиете тесто со потребна густина за да можете да го обликувате во топчиња. Завиткајте го во фолија и ставете го да отстои во фрижидер околу половина час. На набрашнета површина развлечете го тестото, па ставете го во тава за печење. Со прстите разлечете ги краевите за тестото да дојде во врвот на тавата. Печете околу 25 минути додека краевите да добијат златеста боја.

Додека тестото се лади, изматете јајца, млеко и половина лажица сол. Во тава загрејте го маслото, испржете го кромидот со бибер, па додајте малку вода. Варете околу 10 минути. Додајте го и спанаќот, па варете околу 2 минути. Изладете ја смесата, па додајте ја шунката. Прелијте ја оваа смеса преку испеченото тесто, ставете ја киш-питата во рерна и печете 35-40 минути. Послужете ја топла.

Scroll to Top