Ќофтиња од тиквички

Потребни состојки:
1 тиквичка
1 јајце
1 печиво
5-6 лажици брашно
½ лажиче ракија
сол
црн пипер
магдонос
сусам
лен
семе од коприва
250 мл масло за пржење

Начин на подготовка:

Најпрвин се ренда тиквичката на крупната страна од рендето. Не се цеди од водата. Се додаваат јајцето, брашното, печивото, ракијата и зачини по ваш избор. Убаво се промешува смесата да се соедини. Се става маслото да се загрее и со лажичка се ставаат крофничките да се пржат на тивко. Кога ќе заруменат од двете страни, се редат на хартија да ја впие маснотијата.

Scroll to Top