Потребни состојки:
400 г кисела павлака
200 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
200 г мелена плазма
100 г млечно чоколадо со јагоди или малини
300 г кекси со путер
100 мл сок од портокал за натопување на кексите
100 г малини или овошје по желба
100 г шлаг крем
Начин на подготовка:
Киселата павлака изматете ја и соединете ја со шеќерот во прав. Додадете 1 ванилин шеќер и промешајте. Во смесата додадете и 200 г мелена плазма па убаво соединете. Чоколадото со малини или јагоди исечкајте колку можете поситно, па додадете го во смесата и промешајте. Кексите натопувајте ги во сокот од портокал и редете ги како основа во плех со димезнии 28х18 см. Врз редот бисквити нанесете половина од филот, израмнете, а врз филот рамномерно распоредете приближно 100 г сечкани малини. Повторете ја постапката уште два пати. Шлаг кремот изматете го според упатството на ќесичката и премачкајте го колачот. Декорацијата завршете ја со мелени бисквити, ореви, чоколадо или по желба. Изладете го колачот во фрижидер 1-2 часа пред да го послужите.