Колач со гриз, какао и кокос

Потребни состојки:

3 јајца
1 шолја шеќер
100 мл млеко
1/3 шолји масло
1 шолја брашно
1 кесе прашок за пециво
3 лажици какао

Фил:

1 л. млеко
8 лажици шеќер
8 лажици гриз
3 лажици кокос

Начин на подготовка:

Млекото се става да врие со шеќер и гриз. Се меша додека не се згусне и се трга од ринглата. Се додава кокосот. Се матат јајцата со шеќер и масло со млеко, се додава и просеано брашно и прашок за пециво, па какао. Се става масло на плех и малку брашно, па се става ½ од какао смесата. Се пече на 180 степени 15 минути, па горе се става гриз-смесата. Потоа се става и кафеавиот дел и се пече уште 20 минути. Се наросува кокос.

Scroll to Top