Колач со јаболка и слатка павлака

Потребни состојки:

500 мл млеко
225 гр шеќер
2 кесички пудинг од ванила
75 гр путер
прстофат сол
1 јајце
200 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
600 гр јаболки
2 лажици сок од лимон
250 гр свежо сирење
400 гр кисела павлака
70 гр мармалад од мандарина (кајсии и сл.)

Начин на подготовка:

Прво сварете го кремот за да може да се излади. Во сад на рингла ставете да се вари 400 мл млеко. Прашокот за пудинг измешајте го со 100 гр шеќер и преостанатото млеко. Додадете го во врелото млеко и мешајте додека да се згусне. Оставете да се олади со повремено мешање за да не се создаде коричка на површината. Во друг сад ставете ги брашното, јајцата, солта, путерот (на собна температура), шеќерот и прашокот за пециво и замесете тесто. Со набрашнети раце тестото втиснете го во помал правоаголен калап обложен со хартија за печење. Со вилушка избодете го тестото. Јаболките исечете ги на половина, излупете ги и исечете ги на резанки, но не до крај за да може да останат половинките јаболки во целина. Премачкајте ги со сок од лимон за да не потемнат. Сирењето изматете го со киселата павлака и 50 гр шеќер. Кога ќе добиете мазна смеса, додавајте лажица по лажица од изладениот пудинг.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Кремот рамномерно сипете го над тестото, израмнете и ставете ги половинките јаболки (како на сликата) и притиснете ги во кремот. Печете во загреана рерна околу 70 минути.  Во сад на рингла растопете го мармаладот од мандарини (или било кој, по желба). Печениот колач извадете го од рерна и јаболкате премачкајте ги со растопениот мармалад со помош на четкичка. Оставете убаво да се излади, па послужете.

Scroll to Top