Колач со мак и крем

Се печат 3 кори, а секоја кора се приготвува од следните состојки:

3 белки
3 лажици шеќер
1 лажица брашно
50 г мелен мак
1 рамна лажичка прашок за печиво (1 кесичка се дели на три дела за трите кори)

Фил:
9 жолчки
10 лажици шеќер
5 лажици брашно
500 мл млеко
200 г путер/маргарин

Глазура:
150 г чоколадо
3 лажици масло

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изматете пенасто 3 белки па додавајте шеќер и матете додека да добиете цврста пена. Потоа додадете го брашното, макот и прашокот за печиво, па во обложен плех со хартија за печење (30х20см) истурете ја смесата и ставете да се пече 10-12 минути. Повторете ја постапката уште 2 пати.

Подгответе го филот. Измешајте ги жолчките, шеќерот, брашното и малку ладно млеко. Остатокот од млекото ставете го да проврие. Сварете ги жолчките во зовриено млеко и мешајте додека да се згусне, па тргнете од оган, прекријте со фолија директно врз кремот и оставете да излади. Пенасто изматете го маргаринот или путерот, па додајте го изладениот крем и соединете ја смесата. Филувајте ги корите со филот од жолчки па прелијте со глазура.

За глазурата стопете на пареа чоколадо со масло или во микробранова печка загревајќи по 15 секунди на средна јачина додека да се стопи чоколадото. Оставете колачот со глазурата да се стегне, а корите да се отпуштат и вкусовите да се соединат.

Scroll to Top