Потребни состојки:
- 100 грама кајсии (може да ја адаптирате дозата по ваш вкус)
- 4 јајца
- 150 грама мелени бадеми
- 100 грама брашно
- 100 грама путер
- 100 грама шеќер
- 2 кафени лажички прашок за печива
- Лебни трошки
Начин на подготовка:
Добро измијте ги кајсиите, извадете им ги семките и исечкајте ги на мали парчиња. Намачкајте ја тавата за печење со путер и посипете ги лебните трошки. Стопете го путерот на тивок оган, па во посебен сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и бадемите. Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот. Кога растопениот путер малку ќе се олади (не смее да биде топол), додајте го во смесата со јајцата и шеќерот, измешајте, па додајте ја и смесата со брашното. Повторно добро измешајте. Префрлете ја добиената смеса во тавата и на врвот распоредете ги исечканите кајсии. По желба, можете да ставите дел од нив и во тестото. Ставете ја тортата во рерна претходно загреана на 180 степени и печете околу 30 минути. Таа ќе биде готова кога ќе почне да се одвојува од ѕидовите на тавата и кога врвот ќе ѝ добие златножолта боја.
Дополнителен совет:
Бадемите можете да ги замените и лешници или ореви или, пак, целосно да ги изоставите. Во тој случај зголемете ја количината брашно на 200 грама.