Колач од тиква, чоколадо и ореви

Потребни состојки:

200 г црно чоколадо
70 г брашно
1 рамна лажица прашок за печиво
1 прстофат сол
3 јајца
150 г крупно сечкани ореви
300 г сирова тиква
1 лажичка цимет

Начин на подготовка:

Тиквата исчистете ја и ситно изрендајте ја. Чоколадото растопете го на пареа (Може да го искршите на коцки, да го ставите во кеса за замрзнување, а потоа кесата да ја ставите во врела вода, додека да се растопи чоколадото, па дупнете ја кесата и истискајте го чоколадото). Во подлабок сад измешајте ги сувите состојки: брашно, сол, цимет и прашок за печиво. Промешајте добро, па во средината направете вдлабнување и додадете ги јајцата. Матете со жица убаво додека да добиете мазна смеса без грутчиња. Додадете ја ренданата тиква, растопеното чоколадо и оревите. Промешајте со шпатула или лажица додека да се изедначат состојките, па смесата излејте ја во намастен калап. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути. На крај проверете со чепкалка дали е доволно печен колачот. Изладениот колач извадете го од калапот и по желба прелијте го со чоколадна глазура или наросете го со шеќер во прав.

Scroll to Top