Потребни состојки:
За тестото:
250гр брашно
100гр кокосово масло
1 јајце
2 лажици кисело млеко
2 лажици мед
1 лажичка прашок за печење
За филување:
200гр мармалад од бобинки
4 лажици путер од кикиритки
За наросување:
3 лажици овесни снегулки
2 лажици сечкани кикиритки
2 лажици брашно
3 лажици кокосово масло
Начин на подготовка:
Се замесува тесто од наведените состојки, па се сплескува во помал намастен плех. Врз кората се нанесува мармаладот од бобинки, а врз него се распоредува путерот од кикиритки. Во сад се мешаат овесните снегулки, брашното, сечканите кикиритки и кокосовото масло. Добиената сува смеса рамномерно се распоредува врз питата. Се пече 20-25 минути на 200 степени.
Совет:
Може да се користи кој било мармалад, но мармаладот од бобинки е малку киселкав и одлично се спојува со другите состојки.