Колач со јаболка и ореви

Потребни состојки:

2 јаболка, излупени и исечкани на коцки
сок од половина лимон
200 гр шеќер
150 гр грубо исечкани ореви
200 гр брашно
1 лажичка прашок за печиво
3 јајца
малку сол

Начин на подготовка:

Јаболката исчистете ги и исечкајте ги. Ставете ги во огноотпорен сад и врз нив исцедете половина лимон. Додајте шеќер и измешајте. Поклопете и оставете го садот во фрижидер половина час. Во друга чинија измешајте ги оревите, брашното и прашокот за печиво. Во јаболката додајте 3 жолчки, па измешајте, а потоа додајте ја и смесата од брашно и ореви и повторно измешајте. Во посебен сад изматете белки со малку сол. Добиениот шлаг префрлете го во смесата и измешајте. Печете околу половина час на 200 степени. Кога ќе се испече, посипете со малку шеќер во прав и послужете го колачот.

Scroll to Top