Колач со јагоди без печење

Потребни состојки:

200 гр бисквити
500 гр јагоди
500 мл вода
100 гр шеќер
2 пудинга од ванила
3 лажици шеќер
10 лажици вода
1 шлаг-пена и млеко според упатството за подготовка на шлаг-пената

Начин на подготовка:

Во 500 мл вода се додаваат 100 гр шеќер. Се остава да се топли додека се растопи шеќерот. Потоа се додаваат измиените јагоди. Треба да вријат во водата 3 минути. Двата пудинга од ванила, со 3 лажици шеќер и 10 лажици вода, се мешаат и се додаваат кон јагодите, па се меша додека да згусне смесата околу 3 минути.

Во сад со големина 20 на 35 сантиметри се редат бисквити. Врз нив се истура половина од топлиот овошен крем. Врз него се реди уште еден ред бисквити. Врз нив се става втората половина од овошниот крем. Се остава колачот да се олади.

Се мати шлаг-пената според упатството, па се става врз изладениот колач. Се украсува со јагоди по желба.

Scroll to Top