Колач со крем и банани

Потребни состојки:

1 литар млеко
3 кесички пудинг од ванила
5 лажици шеќер
300 г кекси
1 чаша кисела павлака (200 г)
200 г путер или маргарин
2-3 раце чоколадни трошки или рендано чоколадо
2-3 банани
200 мл слатка павлака
200 г чоколадо

Начин на подготовка:

Од литар млеко одвојте малку, а остатокот ставете го во тенџере на оган да се загрее. Во малиот дел млеко што го одвоивте додајте го прашокот од 3 кесички пудинг со вкус на ванила и 5 лажици шеќер. Ако сакате послатко, тогаш додадете повеќе шеќер. Промешајте добро со жица за матење за да нема грутки. Кога ќе зоврие млекото постепено додавајте ја разматената смеса. Мешајте постојано додека пудингот да се свари и згусне. Сварениот пудинг тргнете го на страна и додека е врел додајте му 200 г путер или маргарин исечен на коцки. Промешајте добро додека да се растопи и соедини во кремот. Потоа додајте кисела павлака и уште еднаш убаво промешајте.

Оставете го кремот малку да се излади, па додајте 300 г кршени бисквити што ќе ги искршите со рака. Промешајте и на крај додајте 3-4 супени лажици чоколадни трошки или рендано/ситно сечкано чоколадо.

Плех со димензии 33х21 см намастете го со путер. Половина од смесата излејте ја во приготвениот калап, распоредете и израмнете. Преку смесата наредете три банани пресечени надолжно на половина. Одозгора наросете уште 3-4 супени лажици чоколадни трошки. Одозгора рамномерно распоредете ја и втората половина од кремот. Колачот е готов, само уште останува да се олади. Прво оставете го на собна температура околу половина час, а потоа ставете го во фрижидер уште час и половина за убаво да се стегне и да се поврзат состојките.

За глазура: Во помало тенџере загрејте течна слатка павлака 200 мл и загрејте ја на умерен оган. Внимавајте да не ви зоврие. Слатката павлака треба да биде врела, но не смее да зоврие. Потоа намалете ја температурата и додајте го чоколадото (200 г) искршено на коцки и мешајте да се растопи и соедини. Кога глазурата ќе се растопи и добие сјајна конзистенција, извадете го колачот од фрижидер, почекајте 5 минути, па рамномерно прелијте ја одозгора. Оставете да се олади и стегне глазурата, а потоа сечете го колачот и послужете го.

Scroll to Top