Потребни состојки:
300 мл слатка павлака
50 г шеќер во прав
300 мл млеко
24 бисквити
200 г вишни
200 мл слатка павлака
60 г какао или чоколадо
шеќер по вкус
Начин на подготовка:
Изматете 300 мл слатка павлака и шеќерот. Во млекото, потопете ги бисквитите, по три парчиња одеднаш. Наредете ги во сад за печење. Врз нив додајте ги вишните. Рамномерно распоредете ги, па над овошјето ставете го шлагот што го измативте. Останатите 200мл слатка павлака стоплете ја и во неа стопете чоколадо или какао. Оладете го малку кремот и прелејте го врз колачот.