Колач со вишни

Потребни состојки:

4 јајца
2 шолји шеќер
2 кесички ванила
1 шолја масло
1 шолја јогурт
1 прашок за печиво
3 шолји брашно
300 гр вишни

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. По 10 минути матење додадете ги маслото и јогуртот и промешајте. Додадете го брашното и печивото, па промешајте. Ставете ја смесата во подмачкан плех за сладолед. Вишните ставете ги одозгора и печете на 180 степени околу 15 минути.

Scroll to Top