Потребни состојки:
1 л млеко
1 шолја брашно
1,5 шолја густин
2 шолји шеќер
2 полни лажици какао
1 кесичка ванилин шеќер
50 г маргарин
100 г кокос
100-150 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
Измешајте ги густинот, брашното, шеќерот, какаото, ванилиниот шеќер и 250-300 мл млеко. Остатокот од млекото ставете го да зоврие, па во него додајте ја претходно подготвената смеса и мешајте. Во голем плех посипете кокос и рамномерно распоредете го насекаде, па протресете ја тепсијата. Врз кокосот сипете го сварениот пудинг. Сипете го рамномерно врз целата тепсија. Оставете го да се олади, па потоа ставете го 30 минути во фрижидер. Изматете ја слатката павлака, па премачкајте ја врз пудингот. Пресечете парчиња со правоаголна форма, па завиткајте го секое парче како ролат. Секоја „сарма“ извалкајте ја уште малку во кокос. Чувајте го десертот во фрижидер до послужување.