Потребни состојки
За тесто:
100 гр маргарин
200 мл млеко
40 гр квасец
100 гр + 2 лажици шеќер
прстофат сол
500 гр брашно
1 јајце
Фил:
1 кг вишни
7 јајца
100 гр шеќер
750 гр цврст јогурт
1 пакетче ванилин шеќер
1 пакетче пудинг од ванила
200 мл млеко
Начин на подготовка:
Се топи маргаринот и се додава на топлото млеко. Од него се одвојува 100 мл и во него се раствора квасецот, па се додава лажицата шеќер. Откако ќе запени, се додава брашното со прстофат сол и шеќерот. Се меша и се остава 15 минути. Потоа се додава останатото млеко и јајцето. Се размесува и се остава половина час да нарасне.
Вишните се мијат, чистат од семките и убаво се цедат. Може да користите и вишни од компот. Се намастува и побрашнува тава 30х40см. Тестото се расукува според големина на тавата. Се става внатре и се остава уште 15 минути да се крене. Во меѓувреме подгответе го филот. Измиксирајте ги сите состојки. Распоредете ги вишните врз тестото, па прелијте ги со филот. Печете на 200 степени околу 35 минути.