Колачи со мак

Состојки:

Тесто:

  • 170 гр путер на собна температура
  • 70 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прстофат сол
  • 1 јајце
  • 240 гр брашно

Полнење:

  • 130 гр мелено семе од афион
  • 30 гр шеќер
  • 130 мл млеко
  • шеќер во прав за посипување

Подготовка: Измешајте путер, шеќер, ванилин шеќер и сол. Додадете јајце, а потоа брашно. Направете мазно тесто, завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер половина час.

За филот измешајте мелен афион со шеќер и прелијте со врело млеко. Оставете да го се олади. 

Тестото поделете го на 22 топчиња. Секое топче на дланка истенчете во круг, а потоа ставете полна лажичка фил од афион во средината на секој круг. Соединете ги краевите на тестото и обликувајте топка. Ставете ги топчињата на плехот, и оставете празни места меѓу нив. Печете околу 20 минути, но не оставајте да се затемнат. Оставете ги колачињата да се изладат, посипете ги со шеќер во прав.

Scroll to Top