Компир салата со туна

Потребни состојки:

500 грама компири
2 големи конзерви туна
2 главици кромид
100 грама пченка од конзерва
100 грама шери домати
магдонос и сол

Начин на подготовка:

Компирите сварете ги, па излупете и исечете ги на коцки, а потоа посолете. Во чинијата додадете ги туната, кромидот исечен на тенки резанки, шери доматите на четвртинки и пченката и магодоносот ситно исецкани. Се добро измешајте, посолете и послужете.

Scroll to Top