Состојки:
1 кг компири
1 кромид со средна големина
2-3 чешниња лук
Маслинки ( количина по желба)
Сол, бибер, вегета
200 гр рендано сирење
Маслиново масло ( или обично)
Подготовка:
Сварете го компирот и оставете го целосно да се олади. Можете да го сварите навечер и да го оставите преку ноќ да се олади.
Исечкајте го кромидот, посолете го и малку пропржете. Додадете ги сечканите маслинки и исечканиот лук.
Промешајте, динстајте кратко и тргнете ја тавата од оган.
Изрендајте ги целосно оладените компири и додадете го кромидот и маслинките.
Зачинете, додадете маслиново масло и промешајте.
На крај додадете ½ од ренданото сирење, па целата смеса распоредете ја во тава за печење која предхотно сте ја намрсиле.
Преку смесата пропрскајте го остатокот од ренданото сирење и печете на 180 степени додека не добие малку боја.