Крекери со сирење

Состојки:

  • 100 гр рендано сирење
  • 100 гр рендан путер
  • 1 јајце
  • 200 гр меко брашно

Подготовка: Изрендајте го сирењето во подлабок сад. Во истиот сад изрендајте и ладен путер, па додадете го јајцето. Накрај постепено додавајте од брашното.

Сето тоа убаво соединете го, а добиеното тесто завиткајте го во проѕирна фолија. Оставете го да отстои во фрижидер 30 минути. Потоа, истурете брашно врз работната маса и развлечете го тестото, исечете го на триаголници и направете дупки во нив, за да личат на сирење.

Добиените парчиња наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна на 190 степени сè додека не поруменат. Оставете ги да се изладат, па послужете ги.

Scroll to Top