Крем-пита со ванила и вишна

Потребни состојки:

500гр готови тенки кори

прв крем:

3 јајца
3 лажици шеќер
1 ванила шеќер
3 лажици гриз
100мл масло
200мл јогурт
1 прашок за пециво

втор крем:

1л млеко
9 лажици шеќер
3 пудинга од ванила
200-250гр кандирани вишни
шеќер во прав по потреба

Начин на подготовка:

Корите се редат по 4. Во еден сад кратко со миксер ги соединуваме состојките за првиот крем. Јајцата, шеќерот, гризот, маслото, пецивото, јогуртот, ванилата и ги оставаме настрана. Во друг сад ставаме половина количина од млеко, па го додаваме шеќерот. Ставаме на оган да се загрева. Во остатокот од млеко го раствораме пудингот. Го додаваме кај претходната смеса и вариме на тивко за да се згусне. Тргаме од оган и постојано мешаме, за да не фати кремот кора. Мешаме за да се олади.

Ја земаме првата кора, нанесуваме 2-3 лажици од првиот крем, па го размачкуваме. Ја ставаме втората кора, па ставаме крем, а истото го повторуваме и со третата кора. Кога че ја ставиме четвртата кора, врз неа ставаме 4-5 лажици од пудингот и 10-15 зрна кандирани вишни. Завиткуваме ролат и го ставаме во голема тава за печење. Кога ќе направиме ролат од сите кори, ги ставаме да се печат во загреана рерна околу 20 минути. Оставаме да се изладат, па ги наросуваме со шеќер во прав и ги сечеме на парчиња.

Scroll to Top