Крем супа од тиква

Потребни состојки:

250 гр тиква
1 јаболко
500 мл вода
1чешне лук
1 главица кромид
2-3 лажици маслиново масло
1 лажица густ јогурт

Начин на подготовка:

Лукот и кромидот ги сечкаме многу ситно. Ги ставаме на оган да се запржат, да добијат стаклена боја. Ги лупиме тиквата и јаболкото, ги сечкаме на коцки и ги додаваме во садот каде што се пржат кромидот и лукот. Пропржуваме кратко, па налеваме вода, оставаме да повари и го тргаме садот од оган.
Со блендер ја блендираме смесата директно во садот, па зачинуваме со сол и црн пипер по вкус. Можете да додадете и кари. Оставаме да поврие уште малку на тивко. Ја послужуваме топла, со лажица густ јогурт или павлака.

Scroll to Top