Макарони со сирење е едноставно јадење од варени тестенини во сос од сирење.
- 1250 милилитри млеко
- 400 грама макарони
- 200 грама рендано сирење
Во големо тенџере се загрева млекото. Кога ќе почне да врие, се ставаат тестенините и се варат во млекото со повремено мешање, околу 10 минути.
Кога тестенините ќе се сварат, во тенџерето се додава ренданото сирење. Тестенините се мешаат сè додека сирењето не се стопи до крај. Може да се послужат со нарендан пармезан одозгора.