Крофни со џем

Потребно:

700 гр брашно

400 мл млеко

50 мл масло

40 гр квасец (1 коцка)

2 јајца

1 лажица шеќер

½ лажичка сол

масло за пржење

ПОДГОТОВКА

  1. Затоплете го млекото и ставете го во длабок сад. Додајте ги квасецот и шеќерот. Добро изматете со маталка. Додајте половина од брашното (350 гр) и промешајте.
  2. Изматете ги јајцата и додајте ги во смесата заедно со солта и маслото. Добро промешајте. Ставете го во садот и остатокот од брашното и мешајте за смесата да се соедини. (Доколку смесата што ќе ја добиете е премногу леплива, тогаш можете да додадете уште околу 50 гр брашно.)
  3. Набрашнете го тестото, покријте го со чиста крпа и оставете го околу 20 минути на топло место, додека да порасне.
  4. Кога ќе се удвои тестото, на даска поросете брашно. Замесете го тестото и развлечете го за да направите кора со дебелина од околу еден сантиметар.
  5. Со калап за крофни или со чаша исечете кругови и наредете ги на набрашнет плех или чиста крпа. Покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат околу 20 минути.
  6. Пржете ги крофните на тивок оган. Совет: Ставете ги крофните да се пржат наопаку, односно горе да биде страната на која лежеле додека отстојувало тестото. Веднаш штом ќе ги ставите да пржат, покријте ги накратко со капак.
  7. Откако крофните ќе добијат златна боја, извадете ги од маслото и ставете на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.
Scroll to Top