Крцкав „фереро роше“ колач полн со чоколадо

By

Кога ќе прочитате „фереро роше“, веќе го имате чоколадниот крцкав вкус в уста како кога ги јадете омилените топчиња.

Но, што ако ви кажеме дека сами можете да го подготвите идентичниот вкус, само во облик на колач?

Ви треба нешто помалку од 1 час и следниве состојки:

За кората:

  • 100 g путер
  • 100 g шеќер во прав
  • 4 јајца
  • 130 g црно чоколадо со над 50 проценти какао
  • 1 лажица какао во прав
  • 1 кесичка ванила шеќер
  • 70 g брашно
  • прстофат сол
  • 70 ml слатка павлака
  • 130 ml млеко

За кремот:

  • 400 g „нутела“
  • 400 g крем-сирење
  • 250 g сечкани лешници
  • 100 g изронети наполитанки

За глазурата:

  • 200 g црно чоколадо
  • 200 ml слатка павлака

Подготовка:

Со миксер изматете го шеќерот со путерот, а чоколадото стопете го на пареа.

Во путерот додадете ги 4-те жолчки, една по една, изладеното чоколадо и ванила шеќерот.

Брашното измешајте го со прашокот за печиво, па додадете го во смесата со лесно мешање. Додадете ги и слатката павлака, млекото и на крајот белките што ќе ги изматите како пена.

Во една тава распоредете ја смесата и печете ја кората на 180 степени 30-ина минути. Изладете ја кората и пресечете ја на два еднакви дела.

За кремот измиксирајте го крем-сирењето со „нутелата“, сечканите лешници и издробените наполитанки. Филувајте ја едната кора, па покријте со втората.

Чоколадото за глазурата истопете го на пареа и измешајте го со слатката павлака. Прелијте преку колачот.

Декорирајте по желба со уште лешници или рендано чоколадо.

Ќе ви се допадне

WCOStream wcostream: Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 13

AnimeFreak animefreak hunter x hunter: The Misfit of Demon King Academy (Dub) (https://animefreak.ws/m/45vj) Episode 13