Медитерански деликатес – крцкави стапчиња полнети со пица-фил по традиционален италијански рецепт.
Состојки:
За тестото:
- 700 г екстра бело брашно тип 400
- 180 г путер
- 100 г кисела павлака
- 20 г свеж квасец
- 1 лажиче шеќер
- 100 мл млако млеко
- 1 лажиче сол
- 1 јајце
За филот:
- 200 г густ кечап
- 200 г шунка
- 100 г кашкавал
- 1/2 лажиче оригано
За премачкување:
- 1 јајце
Подготовка:
Во подлабок сад се мешаат млакото млеко, издробениот квасец, по едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400. Се покрива со сува крпа и се остава на топло да нарасне.
Се растопува путерот и се остава да се олади. Во сад се меша половина од брашното со малку сол. Се додаваат квасецот, путерот, киселата павлака и јајцето и се меша. Постепено се додава преостанатото брашно и се меси со рака додека се добие мазно тесто. Тестото не смее да се остава да нараснува.
Филот се приготвува посебно. Шунката се сече на ситни коцки и се комбинира со ситно изренданиот кашкавал и ориганото. Постепено се додава малку кечап и се меша додека се добие густа смеса.
Замесеното тесто се дели на два дела. Првиот дел се сука во квадрат со дебелина од 4 мм, се премачкува со приготвениот фил и се прекрива со другата половина од исуканото тесто.
Наполнетото тесто нежно се сука со сукало така што страните ќе се залепат за филот.
Со тркалезен нож тестото се сече на ленти со ширина од 1,5 см, а секоја лента се сече на три дела за да се добијат пократки стапчиња.
Плехот се обложува со хартија за печење. Стапчињата од тесто нежно се мотаат во спирала и се ставаат во плехот за печење. Се премачкуваат со изматено јајце и се печат во загреана рерна на 200°Ц додека да заруменат.