Потребни состојки:
4 тиквици исечени во должина
600 грама спанаќ
400 грама доматен сос
1 кромид, ситно исечкан
4 чешниња лук
2 децилитри маслиново масло
20 грама босилек, сечкан
150 грама кашкавал
1 јајце
50 грама пармезан
лажица ситен магдонос
прстофат сол и бибер
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Загрејте маслиново масло, додајте го кромидот и динстајте 4-5 минути додека не зарумени. Додајте го лукот и пржете на тивок оган. Потоа ставете доматен сос, сол, бибер и загревајте околу 20 минути со повремено мешање. Тргнете го од оган, додајте босилек, спанаќ и добро измешајте.
Наредете ги парчињата тиквица на плех за печење и печете ги 7-8 минути. Извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат неколку минути. Во сад измешајте ги кашкавалот, пармезанот и јајцата. Во плехот за печење, ставете го сосот, наредете ги тиквичките, па наросете ги со кашкавал и повторувајте ја постапката додека имате состојки. На врвот ставете пармезан. Печете 30 минути, извадете ги лазањите за да се изладат малку, наросете ги со магдонос и послужете ги.